Моќен текст: Кога сè се распаѓа, вербата е таа која нè турка напред

Еден од најпознатите life coach тренери на светот, Тони Робинс на својот официјален сајт и блог објави моќен текст поврзан со пандемијата на коронавирусот.

Неговата порака има за цел да ни влее надеж, верба и охрабрување, но и да ни помогне да се ослободиме од стравот.

Тој вели:

Преживеав периоди на огромни промени и немири во светот, во различни моменти во историјата, кога никој не можеше да предвиди што ќе се случи.

Но, ова ниво на страв е нешто ново. Тоа се гледа на лицата на луѓето, се слуша во нивниот глас, а сега кога сме во своите домови, тоа го сведочиме и на социјалните мрежи. Се плашиме од вирусот, се плашиме за своите работни места, се плашиме од тоа да не ја изгубиме контролата над нашите животи, а сега се плашиме и едни од други. 

Не ме сфаќајте погрешно, стравот е човечки инстинкт. Тоа е нашиот ум кој е создаден да се заштити во моментот, заради преживување. Секогаш бара нешто што не е во ред, за да можете да бегате од некаква закана. Но, ако го направите тоа, секој пат кога се плашите, ќе бегате, ќе се расправате и ќе го ставите животот на чекање. Но, тоа е начин да се живее.

Гледајте, секој ден се возиме по автопат обоен со жолта линија и голем дел од нас возат со огромна трева. Знаете дека голем дел од тие луѓе возат пијани. На дневно ниво, така умираат околу 3200 луѓе. Го знаете тоа, но сепак влегувате во автомобилот.

Тоа го правиме поради едно нешто – вербата!

Вербата не е нешто што се учи, туку тоа е нешто со што се раѓаме. Таа нè поттикнува низ времето на страв и неизвесност. Помоќна е од сите емоции, па дури и стравот. Кога сè се распаѓа, вербата е таа која нè турка напред. 

Ако имате сила во себе, пренесете ја на другите, со помош на вербата. Помогнете им. Донесете непоколеблива сигурност во хаотичното окружување во кое живееме. Направете го тоа со силата на вашата верба.

Таа е доказ дека сме посилни од сите работи и дека можеме да се соочиме со тоа што ни доаѓа во животот. Таа е силата на човечкиот род.

Човекот е различен од животните бидејќи има моќ да го контролира своето однесување, да создава внатрешна сила, но и психологија на отпорност. Доживуваме неуспех, учиме лекции и пробуваме одново. 

Ние сме отпорни, прилагодливи по природа. Ова нема да биде единствената криза низ која минува светот, а не е ни единствената криза низ која ќе поминеме како поединци. 

Животот е болка и задоволство, и можност и предизвик и раѓање и смрт. Нашата работа е да ја прифатиме сезоната која ни е дадена. 

Во овие моменти се чувствува студенилото, зарем не? Училиштата се затворени, нашите омилени ресторани не работат, канцелариските работници се дома, а здравствените работници се борат против овој моќен вирус. 

Зимата не трае вечно, пролетта доаѓа. Ќе се вратиме во нормален живот. Во меѓувреме, станете свесни за својата сила и моќ и потсетете се себеси дека човечкиот род е упорен, флексибилен и тој води, не следи. 

Живејте силно, живејте со верба.