Моќен напиток од ленено семе: го топи целулитот, ги исфрла токсините и помага во намалување на килограмите

Здравата исхрана и физичка активност се клуч за намалување на вишокот килограми, но постојат и мали трикови со кои можеме да си помогнеме. Овој напиток од лен е неверојатно моќен, особено доколку решите секој ден да го започнете со него.

Лененото семе е богато со витамини, минерали, масни киселини, природни влакна. Тоа содржи богатство состојки кои се неверојатни за правилно функционирање на метаболизмот и слабеењето.

Лененото семе е одлично бидејќи долго нè држи сити, го подобрува варењето и го забрзува метаболизмот. Најголемата предност е што е богато со природни влакна, а сиромашно со јагленохидрати.

Начин на подготовка:

Измешајте 1 чаша кефир или обичен јогурт со 1 лажица ленено семе. Потрудете се да користите ленено семе, кое ќе ви помогне побрзо да ги постигнете саканите ефекти.