Мобилните продавници на А1 Македонија и овој месец се блиску до вас!

Богатата понуда на А1 Македонија во месец септември ја доближуваме до нашите корисници во западна Македонија.

На почетокот на оваа недела доаѓаме во гостиварско Неготино и тетовско Палчиште, а веќе во вторник мобилната продавница ќе биде отворена за жителите на гостиварските села Топлица и Добридол. На 14ти, во среда оваа уникатна мобилна продавница ќе ги опслужува нашите корисници од Врапчиште и Галате. Веќе следниот ден, во четврток, со нашата богата понуда доаѓаме поблиску до корисниците од Жубовце и Дебреше, а во петок, на 16 – ти септември ќе ја стационираме нашата мобилна продавница во селото Камењане.

Мобилните продавници на А1 Македонија продолжуваат во движење заедно со сите наши корисници. Остануваме поврзани и поблиски од кога било со нашите корисници од руралните средини, и на секој корисник континуирано му обезбедуваме премиум корисничко искуство и богато портфолио на услуги и производи.

Во претстојниот период очекувајте ги комбињата на А1 Македонија и во вашето населено место, бидејќи ние остануваме блиску до вас и заедно со вас за да ги откриете сите ваши светови, каде и да сте!