„Многу работи може да се променат, но почнуваме и завршуваме со семејството“, порача Стефковски од Гази Баба

Заедно продолжуваме да ја градиме приказната за една поинаква Гази Баба. Ваква порака испрати градоначалникот на општината Гази Баба на еден од настаните во рамки на културното лето. На настанот настапија Ламбе Алабаковски и дечињата од „Поточиња“.

- Граѓаните на Гази Баба вечерва испратија силна порака: Семејството е столб на општеството, а децата иднина на светот, напиша Стефковски на фејсбук.

Тој додаде дека многу работи можат да не променат но почнуваме и завршуваме со семејството. 

За разлика од минатото ова културно лето ќе има голем број на културни настани од различен карактер најави Стефковски и се заблагодари на граѓаните за масовното присуство на овој настан.