Многу проекти во општините каде ВМРО-ДПМНЕ е на власт, ветуваат од партијата

Почнаа промените во општините, градиме нова иднина, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Градоначалникот на Илинден веќе реализира проект - ново училиште, кое ќе овозможи целодневна настава и ќе има и сензорна соба за деца со посебни потреби. Во општините Кисела Вода и Гази Баба, градоначалниците Ѓорѓиевски и Стефковски веќе почнаа со инфраструктурни проекти - нови канализациони системи на места каде што претходно не постоеле. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија работат и отпочнаа со голем број на проекти, велат од партијата. 

Хигиената се подига на повисоко ниво, се работи посветено и одговорно.

=Општините каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници веќе ги чувствуваат промените. Проектите се веќе реалност. Во голем број на општини низ државата градиме нова иднина. Во наредниот период ќе има нови проекти и многу работи низ сите општини каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт, уверуваат од партијата.