Многу луѓе не знаат дека имаат коморбидитети, вели доктор Спасовска од Инфективната клиника

Ковид-19, како што веќе е познато, е мултисистемско заболување и ги напаѓа сите органи, а не само респираторниот систем. 

На почетокот едно од правилата беше дека луѓето кои веќе имаат одредено заболување се во поголем ризик, но според досегашните искуства, не секој е свесен за својата реална здравствена состојба, додека не заболи од друга болест. 

Па така, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализираат лица кои претходно не знаеле дека имаат комордибитети, предупредува д-р Катерина Спасовска, во емисијата „24 Анализа“. 

– И најмалите ткива особено виталните органи остануваат без кислород и настанува нивно оштетување. Предикција кај кој пациент ситуацијата ќе се влоши, особено со овој сој, не може да се направи. И со уредни наоди се случува да настапи влошување на состојбата на пациентот и тоа да заврши со смртен исход. Нема параметри по кои ќе заклучиме дали состојбата кај некој ќе се влоши. Голем дел од луѓето не знаат дека имаат коморбидитети – вели доктор Спасовска.