Многу дожд: Каква зима не чека оваа година?

Ако се земат предвид долгорочните прогнози, годинава не чека блага и релативно топла доцна есен и рана зима во која скоро и нема да видиме врнежи од снег.

До половината на ноември максималните температури ќе бидат двоцифрени, а минималните, во текот на ноќта и рано наутро воопшто нема да бидат во негатива.

Постудено време, се очекува на крајот од месецот кога наутро температурите ќе одат до минус 5 а дневните ќе се движат околу 3 степени.

Во текот на ноември се најавуваат повремени врнежи. Првите уште на стартот на овој викенд. Најдождлива недела се очекува да биде третата кога речи си цела седмица ќе врне.

Декември ќе почне со температури меѓу минус 5 и 0 степени наутро и од 1 до 5 степени во текот на денот. 

Ваквото релативно суво време проследено со повеќе сончеви периоди ќе се задржи до средината на месецот кога се очекуваат и првите негативни максимални дневни температури.

Во втората половина од декември се очекуваат врнежи кои најверојатно ќе бидат од дожд, со оглед на тоа дека температурите нема да се спуштат под нулата ниту во текот на ноќта а дневните ќе достигнуваат и до 10 степени во јужните делови на земјата.

Доколку се случи да проструи студена воздушна маса, не се исклучува втората половина на декември да видиме и малку снег. Во спротивно, облачното и влажно време ќе донесе врнежи од дожд кои ќе се задржат во целата втора половина на декември, вклучувајќи го и почетокот на јануари.

треба да се има предвид дека долгорочните прогнози не даваат многу прецизен приказ за временската состојба со оглед на тоа дека секогаш постои можност да проструи одреден воздушен бран кој може да донесе влага или пак ниски температури и значително да влијае на климатските услови.

 

cheap nike free run 5.0