Младо момче пронајдено мртво во семејниот дом во скопско

Деветнаесетгодишно момче било пронајдено мртво во семејниот дом во селото Огњанци, скопско, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен вчера, на 4 декември, во 15:38 часот во СВР Скопје.

Екипа на Итната медицинска помош излегла на терен и констатирала смрт без видливи траги на насилство. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причината за смртта. 

Полицијата во координација со обвинителството презема мерки за целосно расчистување на случајот.