Младите во Скопје сѐ повеќе користат дрога, фатени се две лица

Минатата вечер, во две скопски општини,  Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје приведе две лица поради тоа што кај нив била најдена дрога.

Според првичните информации добиени од МВР, едно лице, К.А.(28) од Скопје, било приведено на подрачје на Аеродром и кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела тврда материја. Додека во вториот случај се работи за О.Н.(24) од Скопје, кој бил приведен во близина на трговски центар на подрачје на Карпош и кај кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.