Младите во Скопје не сакаат да работат како келнери

Во главниот град постојано има отворени огласи за работа, каде се бараат келнери или шанкери.

Младите од Скопје не сакаат или пак се срамат за да ја работат оваа работа. 

Условите за работа како келнер не се големи, се бара само единствено завршено средно образование, и предност секако ќе имаш ако знаеш англиски јазик. Платата најчесто е 12.000 денари, а бакшишот од гостите е плус.

-Јас сум од Скопје, завршив правен факултет, и сега веќе две години работам како келнер во една пицерија. Знам дека ова не е решение, ниту пак една солидна работа, но подобро нешто, отколку ништо. Доста бев на грбот на моите родители. Во пицеријата постојано има отворен оглас за работа, но ретко кој млад сака да дојде да работа. Или пак ке дојдат, ама се гледа дека им е срам да ја работат таа професија, особено ако дојде некој кој го познаваат. Не знам зошто е тоа така, вели Маја. 

Сопственик на еден локал во Скопје, вели дека веќе една година му е отворен огласот за работа. Се пријавуваат мал број на луѓе, а тоа најчесто се студенти од другите градови. За нив е прифатлива платата од 200 евра, вели тој, но студент како студент, не секој ја сфаќа сериозно својата работа.