
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека младите од општината добиваат 10.000 денари за полагање возачки испит
Во објавата на Фејсбук, Стефковски информираше дека е објавен Јавен повик за субвенционирање на младите за полагање на возачки испит – конкретна мерка, за која вели дека е реална поддршка со јасна порака дека младите се нивен приоритет.
Кој може да аплицира?
- Млади од 18 до 25 години;
- Жители на Општина Гази Баба;
- Поднесено барање во Архивата на Општината;
- Уплата во регистрирана авто школа.
Потребна документација:
- Копија од лична карта;
- Копија од трансакциска сметка;
- Доказ за извршена уплата (оригинал);
- Тековна состојба на авто школата (не постара од 2 месеци);
Градоначалникот на Гази Баба вели дека ова го прават затоа што веруваат во младите и затоа што нивната мобилност значи повеќе можности, повеќе самостојност и посигурна иднина.
„Аплицирај. Искористи ја можноста. Твојата иднина тргнува од тука“, порача Стефковски.
Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za.../...