
Неодамна отворениот Младински хаб во Скопје, лоциран во Домот на културата „Кочо Рацин“ (поранешен Дом на градежници), може да се користи бесплатно, со претходна резервација на термин.
- Град Скопје во соработка со УНДП го отвори Младинскиот хаб во Домот на културата „Кочо Рацин“, кој претставува современ, отворен и инклузивен младински центар создаден по мерка на младите, нивните идеи, потреби и потенцијал. Овој простор е замислен да биде живо јадро на младинската енергија, место каде што младите самостојно ќе иницираат и реализираат свои настани и проекти, а студентите и младите професионалци ќе учат, работат и напредуваат преку работилници, обуки и менторски процеси. Град Скопје ги повикува сите заинтересирани млади лица, младински организации и сите субјекти поврзани со младинска работа, кои имаат потреба од користење на овој современ младински центар да се обратат за неговор користење, велат од Град Скопје.
Резервацијата на термини може да се направи секој работен ден во периодот од 08:00 до 16 часот, на следната меил адреса или на следните телефони на контакт лицата
E-mail: mladinskihub@skopje.gov.mk
Контакт лица:
Игор Стојчевски – 078/308 436
Стефо Јанкулоски – 079/274 62
4Моника Илиевска – 078/301 058
Со отворањето на Младинскиот хаб, Град Скопје јасно ја потврдува својата заложба за системска поддршка на младите и за создавање силна, иновативна и активна младинска заедница, како двигател на иднината на нашето Скопје, потенцираат од Град Скопје.