Млади, талентирани и амбициозни уметници - запознајте го скопскиот бенд „Бона Деа“

Бендот Бона Деа постои нешто повеќе од пет години и во него членуваат млади, талентирани и амбициозни уметници. Во почетокот се формираат како дуо, но подоцна бендот прераснува во трио во кое членуваат, Александра Станкоска, Дарко Јованов и Марија Коцевска. Бендот има гостувано на доста манифестации и настапи низ земјава, Македонски избор за песна на евровизија (2010), Влашкиот фестивал Фантана ди Малама (2012), Канео Фест (2013), редовен учесник на Илинденската прослава во Крушево, Ад-Хок фестивалот (2015),  Денови на франкофонијата (2016).

Бона Деа во моментално се дел од проектот „Улични музичари и артисти”, кој е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски”– Скопје. Во рамките на проектот свират неколку пати во неделата во просторот на Градскиот трговски центар.

„Добивме прилика да се запознаеме и д асвириме со луѓе кои претходно не би ги сретнале. Најбитен е фактот што се забавуваме, а со тоа им додаваме насмевки на луѓето кои поминуваат покра јнас и ја збогатуваме атмосферата на градот со неколку убави ноти” – вели Дарко Јованов, член на бендот.
„Поради широкиот диверзите на песните кои ги свириме, ни застануваат луѓе одсите возрасти, најчесто млади родители со своите деца, а дечињата ќе почнат да играат. Многу се слатки. Мислам најдобар момент ни беше кога нипријде една стара жена и не праша дали ја знаеме Еден бакнеж“ – вели музичарот и продолжува.

„Почнавме да ја свириме, по што забележавме солзи на лицето на жената. Дали беа солзи радосници или едноставно потсетник на старите изминати денови од младоста не знаеме, но малку ни фалеше и ние да заплачеме” – раскажува Јованов.

Денешниот репертоарот на бендот содржи блуз музика, стари рок класици, македонска, влашка, руска и француска музика.