Младата Месечина во Девица ни носи соочување со тешки вистини

Во идеални услови, младата Месечина има моќ да ни помогне да се одмориме, да ги наполниме батериите и да откриеме што ни носи блиската иднина.

Во текот на изминатата млада Месечина навлеговме во својата потсвест, но оваа млада Месечина ни носи соочување со некои тешки вистини.

Таа настапува во знакот Девица на 17 септември, а ни носи фокус и практичност, истовремено овозможувајќи ни да ги смениме рутините кои не ни одговараат. Сепак, таа може да ни открие и некои вистини кои не сакаме да ги слушнеме. Можни се тешки разговори со луѓето кои ни значат, но и разбирање дека за некои работи е потребна жртва од наша страна. 

Кога се соочени со предизвик, Девиците нурнуваат во деталите и се трудат да имаат јасни цел на ум. Така и оваа млада Месечина ќе ни помогне во тоа. Можеби ќе откриеме дека мораме да се храниме поздраво, да се ослободиме од некои токсични луѓе во нашиот живот или пак дека конечно е време да се преселиме на друго место. 

Нема да биде лесно, но сето ова е за добро.