Млада скопјанка со месеци жртва на поранешниот дечко

Млада скопјанка пријавила во полиција дека била следена од поранешниот партнер. Тој со месеци се заканувал на неа и на нејзиното семејство. 

- На 01.03.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријави дека во периодот од октомври 2025 година до 01.03.2026 била вознемирувана и следена на различни локации од нејзиниот поранешен партнер С.Н.(28), кој притоа и упатувал и закани кон неа и кон нејзиното семејство, информираа од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.