Млада Месечина во Девица: Што ги очекува хороскопските знаци?

Sвездите имаат важна порака за вас.

Photo by Çağlar Oskay on Unsplash

Младите месечини се време за подмладување и манифестирање, а ако имате недостаток во вашиот живот, тогаш ова е моментот кога треба да го пополните - без разлика дали преку ново искуство, личност или предмет. Мора да направиме простор за почетоци за време на младата месечина. Не се плашете да експериментирате.

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Полека се навраќате кон себе. Одете напред и замолчете го вашиот внатрешен глас кој ви вели дека нешто не можете. Вие сте личност која е способна да постигне работи надвор од вашето сегашно разбирање. Вие постојано растете, а ова е период на огромна трансформација. 

Бик

Обидете се да се фокусирате на сегашниот момент. Можеби знаете дека сте предодредени за големи нешта, дека заслужувате да живеете во вашиот дом од соништата и можете да го донесете убавиот живот што сте го посакувале - сè е можно кога сте подготвени да работите за тоа. Но, воздржете се од верувањето дека треба да бидете „целосни“ и секогаш подготвени. Сè што ви треба е разиграност и креативност за да ги исполните вашите соништа.

Близнаци

Ова е период кога треба малку да се оддалечите од најблиските и нивните верувања и да сфатите што е она што е само ваше – кои се вашите желби и соништа. За некои Близнаци, ова е период на осамостојување, можеби и преселба или пак промена на односите во домот и семејството.

Рак

Дали се спротивставувате да се ослободите од стравот од тоа како другите ќе ве перцепираат? Разбирливо, можеби се плашите да му верувате на она што го знаете. Вие сте експерт во вашиот живот и додека можете да стекнете знаење од различни извори, обидете се да си верувате прво себеси. На пример, ако вашето тело е уморно, одморете се. Ако ви недостасува време за одмор, сфатете како да одвоите повеќе време за одмор.

Лав

Стравот да бидете товар за другите може да ве спречи да го достигнете вашето следно ниво.  Можеби сте подготвени да се посветите целосно на нешто без стравот дека ќе им бидете товар на другите.. За време на оваа млада месечина во Девица, дозволете си дополнително да стапите во контакт со себе.

Девица

Луѓето се менуваат, а можеби не сте способни целосно да го цените неодамнешниот раст на другите. Растот понекогаш се случува во насока која вие не ја посакувате, но тоа е во ред. Кога ќе препознаете дека повеќе не сте компатибилни со луѓето, од суштинско значење е да размислите како можете да се оддалечите од одредени односи.

Вага

Оваа енергија на младата месечина ве поттикнува да се фокусирате кон себеси, кон своето внатрешно јас. Ова е време да го негувате вашиот ум и дух наместо да се туркате премногу силно. Верувајте им на сознанијата што ги добивате, без разлика дали се логични или емотивни, бидејќи тие ја одразуваат вашата внатрешна мудрост. Дајте приоритет на грижата за себе и менталното здравје. Ова е време за исцелување и обновување од внатре кон надвор.

Шкорпија

Останете вредни. Продолжете да туркате напред и резултатите брзо ќе дојдат.Ова особено се однесува за полето  на кариерата. Бидете храбри и не се плашете од следните чекори. Вие навистина можете да успеете, но само ако престанете да размислувате премногу.

Стрелец

Размислете да контактирате со пријател за вашите надежи и соништа - особено ако вашиот пријател е Бик. Некои од вашите желби треба да се ревидираат и повторно да се усогласат со вашата животна патека. Успевате токму таму каде што сте, фокусирајте се на сегашниот момент. Само одете чекор по чекор.

Јарец

Честитки, ѕвездите се на ваша страна и имате што да кажете. Идејата дека сте вредни само на полето на работата е непотребна заблуда. Ослободете се од лошите навики и покажете подготвеност да бидете отворени да бидете меѓу луѓето. Вие станувате пример за другите.

Водолија

За вас, оваа млада месечина е повик да бидете нежни. Додека многумина од вас се мајстори за да бидат присутни и отсутни во исто време, оваа млада месечина ве поттикнува да одлучите како сакате да се поврзете со другите. Некои луѓе може да го искусат вашето растојание, додека други ќе уживаат во вашата јасна комуникација. Верувајте дека можете да разберете што ви треба во овој момент.

Риби

Дали сте фокусирани на тоа да ги продлабочите партнерствата, Риби? Поминувате низ трансформативен период и ја учите вредноста на вашите ресурси. Начинот на кој се однесувате кон себе може да ве спречи да ја достигнете полнотата на вашата еволуција. Оставете го вашиот внатрешен критичар да одмори и уживајте во добрината што другите ви ја даваат.