Млада Месечина на 25 септември: Што ги очекува хороскопските знаци?

Младата Месечина ќе го осветли небото на 25 септември во знакот Вага.

Овој транзит нè носи во светот на нашите односи и поврзаност со другите луѓе. Хороскопот ни носи порака дека доаѓа период на промени во нашите односи, но и можност да откриеме повеќе за себеси и да ги зајакнеме своите слабости.

Овен

Важно е да го држите своето срце отворено бидејќи динамиката во вашите односи се менува под светлината на оваа месечина. Ако сте во врска, ова може да е момент кој ќе ве однесе на значајно заедничко патување низ вашите емоции и страсти. Ако сте слободни, можно е да дојде до интересна судбинска средба со друга личност, која има потенцијал да ви го промени животот. 

Бик

Ние сме во есента, а за Биковите ова е омилено време бидејќи би сакале да поминат време дома во мир и тишина, фокусирајќи се на нивните омилени активности. Ова е транзит кој ве инспирира да бидете најдобрата верзија од себеси преку работа на себе и личен развој.

Близнаци

Оваа млада Месечина носи голема доза на инспирација за Близнаците. Можно е да сте и посветени на флертот и романсата и генерално сите оние активности во кои се чувствувате добро, среќно и исполнето. Ако сте фокусирани на работата, време е за креативни проекти кои ќе ви донесат нова перспектива.

Рак

Оваа млада Месечина ја осветлува вашата четврта куќа на домот, местото каде вие се чувствувате најдобро. Поканете ги своите најблиски пријатели или пак стуткајте се под вашето омилено ќебе. Тоа ќе ви донесе момент на полнење на батериите, но и добро расположение. Ова е клучно за вашиот натамошен успех.

Лав

Комуникацијата ви е тешка поради влијанието на ретроградниот Меркур,но сега работите се смируваат со младата Месечина во дипломатичната Вага. Ќе забележите дека полесно се разбирате со другите, но и дека лесно создавате нови конекции и пријателства. Тоа ќе ви донесе многу нови можности.

Девица

Оваа млада Месечина го осветлува вашиот финансиски сектор, па така доаѓа одлична можност да почнете разговор за покачување на платата или пак да го испланирате добро буџетот до крајот на годината. Вие го заслужувате најдоброто, изборете се за тоа.

Вага

Оваа млада Месечина ја активира вашата прва куќа што значи дека ќе добиете дополнителна енергија.  Ова е и ваша сезона, па така вие сте целосно во центарот на вниманието, без оглед на тоа дали го сакате тоа или не. Имате неверојатна самодоверба, а луѓето се привлечни кон вас како со магнет. Исполнете ги своите очекувања и фокусирајте се на себеси.

Шкорпија

На сите ни е потребен момент да ги наполниме батериите, а оваа млада Месечина ви носи можност да го направите тоа. Затоа, наместо да направите големи планови, исчистете го распоредот и дајте си време да се релаксирате и да се ослободите од негативната и непотребна енергија. Времето поминато сами ќе ви помогне да се поврзете и со својата интуиција.

Стрелец

Ништо не може да ве спречи да бидете во центарот на вниманието. Затоа, излезете и уживајте. Оваа млада Месечина се случува во вашата куќа на пријателства, па затоа ќе имате и силна поврзаност со оние кои ви значат. 

Јарец

Ретроградниот Меркур ви носи хаос на полето на кариерата, но со младата Месечина работите се поместуваат кон подобро. Овој транзит носи нови почетоци за некои Јарци, а за дел од нив јаснотија во однос на следните чекори. Направете план за следните шест месеци и подгответе се за работа.

Водолија

Оваа млада Месечина ви носи приземјување и потсетување да не се губите во своите мисли. Искористете го својот отворен ум и насочете се кон нови нешта кои ви го исполнуваат срцето, а за кои долго сте размислувале. Ова е и можност да започнете нови нешта и да покажете повеќе самодоверба во однос на она во што верувате.

Риби

Вашите чувства ќе бидат засилени, драги Риби. Поврзете се со своите емоции и пробајте да најдете начин да се ослободите од притисокот кој го чувствувате. Запишувањето на овие чувства или пак разговор со блиска личност може многу да ви помогне.