Млада девојка обвинета за даночно затајување

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Б.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавената, не пријавила реализирани приливи и не поднела до УЈП задолжителна Годишна даночна пријава за 2020 година за наплата на данок за личен доход, со што го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.