
Млад возач со „опел вектра“ прегазил 78-годишна жена пешак на улица во Мичурин.
- На 05.06.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Атанас Митрев“ во Скопје, патничко возило „опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Скопје, удрило во 78-годишната С.О. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.О., констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.