Млад Турчин уапсен во Штип, бил фатен со дрога

Марихуана и дробилка одземени од дом во Штип во кој престојувал млад Турчин. 

- Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВРШтип го лишија од слобода М.С.(23) од Република Турција со привремен престој во Штип. Претходно, со судска наредба, извршен е претрес во домот во домот во кој привремено престојува Н.К.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип, а во кој бил затекнат М.С.. Притоа, во домот биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана, информираа од МВР. 

Подоцна, со негова дозвола, извршен е и преглед во домот во кој престојува М.С., при што се пронајдени и одземени неколку пакувања со марихауана и патна исправа на друго лице од Турција.

М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.