Млад скопјанец заврши во полиција откако кај него нашле пиштол и муниција

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 21.20 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода М.О. (20) од Скопје, кај кого е пронајден пиштол „Застава“ 7.62 мм со рамка со пет куршуми 7.62 мм за кој не поседувал дозвола.

По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.