Млад скопјанец кршел дома, па го нападнал партнерот на мајка си

22-годишен скопјанец кршел покуќнина во домот во скопски Карпош, се заканувал на мајка си, а и физички го нападнал нејзиниот партнер. 

Како што информираа од МВР вчера во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.С.(22)  од Скопје, по претходна пријава дека во домот кршел покуќнина, се заканувал и се обидел физички да ја нападне неговата 50- годишна мајка, а потоа физички го нападнал нејзиниот партнер.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.