
26-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка на скопска крстосница.
- На 15.04.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ со ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(32) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.В.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР во полицискиот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.