Новиот директор на ски-центарот Попова Шапка, Абдулгани Алији за Алсат М, вели дека ситуацијата пред претстојната зимска сезона е мизерна поради празната каса, недостигот на работници и неисправни жичарници
„Затекнав два месеци неисплатени плати на работниците и недостиг на пари за подготовка за сезоната. Посебно е критична ситуацијата со ски-лифтовите, кои сè уште немаат техничко одобрение. Сепак, веќе ангажиравме стручни лица и започнавме со постапките за обезбедување на сите потребни дозволи до стартот на сезоната“, истакна Алији.
Директорот предупреди на потенцијални злоупотреби од поранешното раководство и најави ревизија на работењето.
„Нашето раководство, заедно со надзорниот одбор, вчера на состанок го вклучи барањето за внатрешна контрола, со цел да се утврдат евентуални злоупотреби“, додаде Алији, пренесе Алсат-М.