Митрески: Сите пратеници да ги поддржат антикризните мерки на Владата

Во ваква сериозна состојба во светот и кај нас, наметната од тоа тоа што се случува во Украина и претходно со енергетската криза, сите заедно треба да размислуваме кои се последиците од одлуките коишто ние ги носиме заедно, истакна од собраниската говорница пратеникот на СДСМ Јован Митрески.

Тој рече дека денес на дневен ред се две точки, измени во законот за ДДВ и во законот за акцизи, кои се дел од пакетот од 26 мерки коишто владата ги донесе заедно со коморите, заедно со синдикатите и потрошувачите, заедно бидејќи сите ги чувствуваат последниците од оваа наметната, евроспка, економска криза и повика собранието да влезе во процедура на носење на овие закони и да продолжат сите други мерки.

Мислам дека ова не е период во државата кога треба да размислуваме кој ќе добие некакви политички поени, туку според тоа што се случува во целиот период должни сме како пратеници треба да излеземе во пресрет на оваа ситуација, истакна Митрески.

Тој додаде дека може на решенијата да се гледа различно, но тие ќе им помогнат на граѓаните бидејќи на крајот на денот пратениците се избрани од граѓаните да ги решаваат проблемите, особено во ваква тешка економска светски наметната криза.

Да ги најдеме заедничките мерки, коишто најдобро, со сите расположливи средства кои стојат на располагање ќе помогнат на граѓаните на фирмите, за сите заедно да излеземе од криза, порача пратеникот на СДСМ Јован Митрески.