Митева и Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ побараа да бидат повлечени предлозите да членуваат во Управни одбори

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Мирјана Митева и портпаролот Наум Стоилковски, по информацијата дека се назначени за членови на Управни одбори, побараа да бидат повлечени предлозите за кои треба да се гласа на следната седница на Советот на Град Скопје. 

-Стојам зад тоа, со целиот свој професионален начин на делување од почетокот и ќе е остане така до крајот! СДСМ ги гледа функциите во државава како начин за печалење пари, за криминал, јас пак бев силно уверена дека ќе го извадам криминалот на ЈП Водовод на виделина, ќе и образложев на јавноста како се склучувале договори за изградба на водоводна мрежа на Варшавска и.т.н …Но ќе дадев и свој личен пример како со домаќинско работење се доаѓа до успех. Но, нема да им го пружам задоволството на СДСМ да си држат пресови со намера да фрлат црна дамка на мене, затоа се заблагодарувам на довербата, но барам предлогот за мене да биде повлечен. А кој и да биде член на управниот одбор јавно го повикувам да ми ги каже криминалите, па јас ќе продолжам на прес!!! Јавните претпријатија ќе бидат првиот доказ за тоа во каква була ја однесовте Македонија!, напиша Митева на својот фејсбук профил.  

-Ја следам возбуденоста во СДСМ поврзано со моето име и сметам дека тоа повеќе се однесува на стравот дека од внатре на ЈСП ќе го видам и јавно ќе го објавам сиот криминал со компанијата и секако, за планот за БРТ, објави на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Иако го имам сиот потребен кредибилитет да бидам дел од УО на ЈСП, верувам во принципи, за разлика од партиските членови на СДСМ. Нема трговија со принципи ниту со претпријатија.Тие принципи не постојат во СДСМ, затоа што на пример истата прашина како за мене (нас), очекувано би ја кренале и за портпаролот на Алтернатива којшто го поставија за директор на МЕПСО во време на најголема енергетска криза. Во име на тие принципи и во име на таа разлика, донесов одлука да се заблагодарам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП и да побарам да бидам исклучен од листата.Истовремено, оставам аманет на оние коишто ќе бидат избрани, да не го премолчат криминалот, како и да поведат сметка за претпријатието- симбол на Скопје!