
Нема поубав мирис од свежо печени ролни со цимет! Овој класичен десерт е совршен за појадок, неделен ручек или слатко попладне со кафе. Подготовката е едноставна, а резултатот – меки, миризливи и неодоливо вкусни ролни.
Потребно:
800 гр. брашно
4 лажици растопен путер
250 гр. млеко
2 јајца
170 мл. вода
120 гр. шеќер
прстофат сол
4 ½ лажички сув квасец
Фил:
120 гр. растопен путер
200 гр. шеќер
3 лажици цимет
Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото. Добро промешајте и започнете да го месите со рака. Измесете го убаво за да добиете меко и глатко тесто. По потреба додадете брашно за да оформите многу меко тесто, кое се лепи, но со набрашнети раце може да се обработува.
Оставете го да одмори околу еден час или додека не го зголеми волуменот двојно.
Развлечете кора во правоаголен облик, дебела околу половина сантиметар. Премачкајте го тестото со филот – мешавина од растопен путер, шеќер и цимет.
Свиткајте го во ролат и сечете парчиња дебели околу еден сантиметар. Редете ги во тавче обложено со хартија за печење, малку оддалечени едно од друго, и оставете ги повторно да стасаат околу 40 минути.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.