
Канализација се излева во дел на Водно. За ова реагираат голем број скопјани кои велат дека во овој дел кај Горно Нерези се шири мирис на измет и валкана вода кои „го освежуваат“ заштитениот појас.
За овој проблем алармираа и од „Независни за Карпош“.
- Ова е прекината или недоизведена цевка за канализација во падините на Горно Нерези. Општината упорно издава одобренија за градби како рурален дел, со урбанистички проекти, не земајќи во предвид дека водоснабдувањето и канализацијата се нерешени во овој дел.Така доаѓаме до оваа слика на отворен излив на канализација, делот над Вила Ина кој интензивно ја загадува околината, велат оттаму споделувајчќи видео од терен.
Алудираат дека општина Карпош треба да го реши овој проблем.
- Со темпото со кое во минатиот период се издадени одобренија за градба во тој дел, а без никаква инспекциска контрола, ова е редовна слика и на други делови, порачаа од „Независни за Карпош“.