Минусни температури и ветер - УХРМ со детална прогноза за денеска

Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус пет до два степени, а максималната ќе достигне од четири до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус три, а максималната ќе достигне до седум степени.

Нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, се очекува во среда и во четврток. Локално врнежите ќе имаат пообилен карактер.