Министерката Шахпаска на средба со претставници на ССНМ

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со кои разговараше за потребата од поголема социјална и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и унапредување на нивните работничките права.

Од страна на претставниците на ССНМ биле посочени предизвиците со кои се соочува оваа фела, ризиците по здравје на медумските работници, работата во смени и прекувремената работа, исполнителноста на обврските од страна на работодавачите на договорите за вработување и потребата од предвремено пензионирање, односно од бенефициран стаж.

Министерката Шахпаска, како што соопшти прес-службата на Министерството, изразила подготвеност за соработка со сите засегнати страни при подготовка на измените и дополнувањата на драфт-верзиите на Законот за ПИО и Законот за работните односи и укажала на повеќе решенија коишто би биле вградени во законски рамки.