Министерката се пофали, родителите ја нападнаа - Децата ги уништивте!

Образованието е корен на сите општествени процеси. Без квалитетно образование нема прогрес во едно општество.

За жал, родителите, во последно време се сѐ погласни со жалбите дека образовниот процес не е како што треба.

Последниот бран на критики кон надлежните и револт поради, како што велат, осакатување и уназадување на генерации ученици, доаѓа откако министерката за образование Мила Царовска се пофали дека има напредок во основното образование.

-Постигнат е значаен напредок во сите области за унапредување на основното образование и е неопходно продолжување на реформските процеси. Ова е заклучокот од денешниот редовен состанок со претставниците на Светска банка, кои позитивно го поздравија процесот на дигитализација на образованието, како и динамиката со која се опремуваат 260 кабинети по природни науки на ниво на држава, рече вчера Царовска.

Ова наиде на бурни реакции од јавноста, во голем дел од родителите кои секојдневно се соочуваат со предизвици при образовниот процес на своите деца.

Еве што велат родителите на оваа тема:

-Министерке, за да кажете дека имате напредок треба да се повикате на задоволството кај граѓаните од образовниот процес. Тоа што сте заклучиле со Светска банка не е никаков индикатор...Имаме најскапо образование како никогаш досега, имаме пореметен образовен процес, родителите се игнорирани...За кој развој зборувате? – прашува еден родител.

-Министерке децата ни ги уништивте! Скоро секое дете е без грам имунитет, да дувне ветре се накотува со милион бактерии со кои не може да се избори од што е загушено со маски цела година, вели друг.

-„Квалитетно образование" се текстовите во учебниците без никаква етичка и морална вредност,без парабола и поука од истите, децата треба да имаат нормална програма што ќе биде прифатена од родителите и наставниците! Децата и родителите треба да чувствуваат доверба во образовниот систем! - констатира друг родител.

-Заради вашата дигитализација, децата губат здравје пред се, ослепеа, а да не спомнам што нема да знаат молив да држат во рака и да се потпишат. Едно време се учеше краснопис, а сега сами не можат да разберат што напишале…- коментира друг.

-Образованието беше добро пред да почнат да стават партиски потрчковци поставени за министри како тебе од независноста до сега кога само го уништувавте образованието посебно во првата ваша влада по независноста. Порано имавме печатени учебници пишувани од најдобрите наши научници (академиците) и имавме независен орган од најдобрите наши педагози кој одобрува учебници и пишува наставни програми и затоа имавме добро образование и наука! Затоа сите реформи од независноста до денес треба да се поништат! -анализира еден граѓанин.

-Да се немало образ и барем малку достоинство. Кој квалитет бре Царовска!? Тотално инклузивно образование за учениците со попреченост како ретко некаде во свет и кое е многу далеку од функционирање - вели друг граѓанин.