„Мини морис“ излета од пат кон Попова Шапка, повредени две жени

Вчера во 12:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, атар на село Лисец, тетовско, патничко возило „мини морис“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 57-годишната З.И. од Тетово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни се здобила З.И., а со телесни повреди се здобила нејзината 27-годишна сопатничка Б.Р. од Тетово, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово, соопштија од полицијата.