Мини капрезе пици

Овој специјалитет личи на познатите брускети, но се нарекува кростини, бидејќи се пече заедно со состојките. 

За мини капрезе пиците потребно ви е:

8 парчиња чијабата
8 парчиња моцарела
Маслиново масло
Доматен сос
Кашкавал или пармезан
Балсамико
Зачини

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190ﹾС. Поставете ги исечканите лепчиња врз хартија за печење.

Премачкајте ги со маслиново масло од двете страни и зачинете со сол и лук во прав.
Печете ги лепчињата по 3 минути од двете страни.

Извадете ги лепчињата и премачкајте ги со доматен сос. Врз секое од лепчињата ставете по 1 парче моцарела и рендан пармезан или кашкавал по вкус.

Вратете ги лепчињата во рерната и печете дополнителни 4 минути и уште 1-2 минути на највисока температура. Кога кашкавалот целосно ќе биде стопен и заруменет, извадете ги лепчињата. Додадете свежо сечкан босилек и малку балсамико оцет.

Послужете ги лепчињата додека се топли.