„Мими“ на Даријан Пејовски ќе се прикажува во Кинотека

Вториот игран филм на Даријан Пејовски, „Мими“ ќе биде прикажан во три проекции во јануарската програма на Кинотеката, вечер, на 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот.

„Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Таа работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Овој втор игран филм на режисерот Пејовски, својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажан на филмските фестивали во Пула и Херцег Нови. Во псохолошката драма улогите ги толкуваат актерите Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски и Владимир Петровиќ