Милјана Ристиќ победи на женската трка во Скопје

Од вкупно 500 учеснички во „Авицена женската трка“, што се одржа денеска во Скопје, прва до целта стаса Милјана Ристиќ за 10 минути и 34 секунди, веднаш по неа е Весна Кираџиева, која ја истрча патеката за 11 минути и 25 секудни, а на третото место според брзината на трчањето, е Виолета Шестаков со 11 минути и 47 секунди.

Прогласувањето на победничките на трката се одржа онлајн поради мерките за безбедност и грижа за здравјето против Ковид-19.

Трката стартуваше пред главниот влез на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски, а крајната цел беше во Градскиот парк зад Ботаничката градина. Се трчаше според специјалниот протокол, што беше одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Организатори беа Сојузот на спортови на Скопје и А.К. Работнички, а се одржа под покровителство на Град Скопје.

Учесничките истрчаа три километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење на маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг.

Конечните резултати од победничките и учесничките можат да се проследат на следниот линк