Михаил и Теодора се првите бебиња кои се родија на ГАК во Новата година

Земјавава во новата година е побогата за три нови жители. 

Првите две бебиња се родени во првата и втората минута по полноќ. Третото е родено околу 5 часот во ковид-центарот. Сите бебиња и мајки се добри, информираа надлежните. 

-Михаил и Теодора се првите бебиња кои се родија на УК ГАК во Скопје. Михаил се роди во 00:01 часот и е само една минута постар од Теодора. Двете бебиња се родија здрави, и се чувствуваат добро, како и нивните мајки. На малите им посакувам многу здравје, да бидат најголемата гордост и среќа на нивните родители. На семејствата Стошиќ и Петровски им ја честитам Нова Година поубаво не можеше да почне, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети новороденичата, нивните мајки и персоналот на ГАК.