Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по „балансерот“, одговори дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.
„Јас нема да бидам секундант, но она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење, за да не се доведуваме во ваква состојба, ние да се претвораме во уставно правни експерти а не сме, и да кажуваме како требало“, подвлече Мицкоски.
Тој потенцира дека е потребно од кога ќе се искристализира решението кое ќе биде на основа на предлог, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија и потоа да се донесе.