Мицкоски во посета на неколку скопски општини, носителите на листи на средби со граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителите на листи денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Чаир во 17:00 часот, општина Аеродром во 18:30 часот, општина Гази Баба во 20:30 часот.

Носител на ИЕ1 проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, ќе оствари средба со граѓаните во општина Аеродром во 18:30 часот.

Во 20:00 часот промоција на книга на платото пред МКЦ.

Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе оствари средба со граѓаните на општина Чаир во 17:00 часот. Во 20:30 часот ќе оствари средба со граѓаните на општина Гази Баба.

Носител на ИЕ3, Игор Јанушев ќе оствари средба со жителите на с. Ногаевци општина Градско во 21:00 часот.

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 11:30 часот ќе даде изјава за медиуми пред Културен дом во општина Гостивар.