Мицкоски: Трговците ги враќаат цените, доколку има девијантно однесување ќе бидат преземени мерки

По острите реакции на премиерот Христијан Мицкоски по повод драстичното покачување на цените на основните продукти од страна на трговците, а кои не се дел од новогодишната кошница биле забележани намалување на цените.

„Утрово разговарав со министерот за економија и труд Дурмиши, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред овие покачувања. Го почитуваат укажувањето и замолницата која јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот кој следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат. Ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Последната мерка која ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената“, посочи премиерот.

За тоа, во моментов, нема потреба бидејќи најголем дел од трговците го почитуваат укажувањето на премиерот и Владата.