Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави фотографија со еден од најпознатите новинари во САД, Такер Карслон. Како што пишува самиот Мицкоски во објавата тој го поканил Карслон да дојде во Македонија.
„Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Такер Карлсон. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја“, напиша Мицкоски.