Мицкоски пристигна во Владата: Треба да помогнеме а не да собираме политички поени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пристигна во Владата за да се сретне со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. 

На средбата треба да разговараат за енергетската криза и предизвиците кои произлегуваат од неа, се со цел да се изнајдат начини како да се ублажат последиците. 

„Само 500 семејства во Скопје утрово се разбудија со топли радијатори, тоа говори дека работата е катастрофална. КАко ВМРО-ДПМНЕ цениме дека мора да се помогне. Разговаравме и со коморите и со бизнисот, секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме официјална средба со Владата. Вчера добивме потврден одговор дека Ковачевски ќе не прими, затоа што не се однесува само на оваа зима, туку и на следната година. Цениме дека мора да помогнеме на граѓаните. Мора да покажеме државност, а не да собираме политички поени“, рече Мицкоски.

Мицкоски, пристигна заедно со економскиот тим на партијата, кој ќе презентира план за надминување на енергетската криза, според најавите на ВМРО-ДПМНЕ.