Мицкоски од Илинден: Се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“, очекувам уште многу вакви успешни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности на нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Илинден.
 
Тој при тоа упати честитки за вклученоста на сите институции за зголемувањето на капацитетот на овој наставно образовен објект, односно на ова основно училиште, проект којшто, потенцира  ќе значи многу за Општина Илинден.

- Да му честитам на градоначалникот, на министерката за образование, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Илинден бидејќи Општина Илинден се трансформира, се гради и тоа е добро, одлично бидејќи како што кажа и градоначалникот во неговата изјава најголемите комплименти доаѓаат од поддршката којашто ја добива неговата работа и работата на неговиот тим од страна на граѓаните. Да се заблагодарам и на пратеничката којашто доаѓа од Општина Илинден којашто се бори за секој еден проект повеќе за Општина Илинден, рече премиерот кој беше придружуван од министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Тој подвлече дека очекува уште многу вакви успешни проектите да се реализираат во претстојниот период.