Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставувањето на камен темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров.
„Овој тип на инвестиции се многу значајни за квалитетот на образованието на нашата иднина, тоа се децата. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти.
Од ова што можевме да го слушнеме од градоначалникот и во оној неформален дел да го поразговараме, има уште неколку вакви проекти во периодот којшто следи во деновите, во неделите. И секогаш сум тука да ги поздравам овие проекти и да ги поддржиме овие проекти. Така било, така и ќе биде и во иднина“, кажа Мицкоски.

Градоначалинот на Ѓорче Александар Стојкоски истакна дека ова е проект што директно го менува квалитетот на наставата.
Ќе има 6 нови училници, со капацитет за околу 180 ученици, модерни услови и пристапност за сите, нов влез за поголема безбедност - вкупно 706 м² нов современ простор
Станува збор за инвестиција од 36.7 милиони денари - силна поддршка за нашите ученици и наставници.