Премиерот Мицкоски вели дека со овој заем ќе се стимулира економски раст и ќе се реализираат сите ветени проекти. Тој притоа посочи дека бизнисот овој пат ќе добие поволна финансиска соработка во споредба со она што досега го има добивано.
„Жалам што прочитав во одредени медиуми, коментари од политичари – вети милијарда, донесе 500 милиони. Јас велам вака, ние ветивме милијарда, а донесовме повеќе, но тогаш кога е потребна. / Обврската ваша како бизнис е барем уште толку средства коишто колку на овие 250 милиони вие ќе ги инвестирате, тоа се половина милијарда инвестиции. Да обезбедите годишно најмалку 5000 нововработени и да обзбедите раст на вашето производство 5 проценти над стапката на инфлација вели Мицкоски
Мицкоски ги отфрли и обвинувањата од претседателот на СДСМ Филипче дека со овој кредит Владата ја турка Македонија во политичко заложништво на Унгарија и Орбан...
„Тоа е фолклор, внатрешен нивен, не би го коментирал. Оваа државаа може да биде зависна само од своите граѓани. Додека сум јас претседател на Владата, никогаш, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг. / Одредени структури од опозицијата ги плаши, велат сега овие ќе бидат многу успешни што ќе правиме на локални избори, ќе треба четврти претседател да бираме после избори, па петти во 2028, и они сега затоа се плашат. Велат сега „леле што ќе правиме ние како ќе одиме на избори“ кажа Мицкоски