Мицкоски најави случаи за ДУИ: Многу скоро ќе видите кои им се вистинските мотиви

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека се работат многу случаи поврзани со ДУИ и од тие причини се отвараат теми со кои етнички се поларизира населението. Според премиерот целта на ДУИ е да се направи дефокус од сторените криминали.

„Многу случаи се работат поврзани со високи поранешни функционери на Демократската унија за интеграција и јавноста многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив на актуелното раководството на Демократската унија за интеграција“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

ДУИ пак контра Мицкоски повика на распишување предвремени парламентарни избори и ја нарече Владата нелегитимина. Премиерот се согласува на избори но само доколку владејачките партии бидат поразени на локалните избори што ќе се одржат идната есен.

„Доколку оваа Влада ги порази сегашните опозициски политички партии на локалните избори, тогаш очекуваме конечно да се посветат на самите себе, да се реструктуираат кадровски и програмски да се освежат и да може на следните парламентарни редовни избори да излезат со нова програма“, изјави премиерот Мицкоски.