Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања кажа дека борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде жилава и жестока. Тој посочи дека таквата борба нема да биде лесна ниту во обвинителството ниту во судството.
„Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци од како сме Влада, се случува да некој од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато владеење седум годишно коешто не треба да ни се повтори. Јас не верувам дека оваа борба ќе биде кратка. Оваа борба ќе биде долга, исцрпувачка, бидејќи се тие жилави. Тие инсталации се жилави, малкумина се, да се разбереме, не се многу. Малкумина се во обвинителството и судството сеуште слепи послушници на претходната Влада од СДСМ и ДУИ, но можам да ви кажам дека ќе победиме. А тоа што сум го кажал, тоа и сум го направил. На крај ќе победиме и тие ќе бидат поразени. Македонските граѓани ќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октруирани послушници на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, коишто во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси, главоболки и температура кога треба да се дејствува против, за жал, криминалците кои беа симбол на едно погрешно владеење седум годишно.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски