Мицкоски го удри камен-темелникот на новата инвестиција вредна 65 милиони евра

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешното удирање на камен-темелникот на новата фабрика за литимски батерии на компанијата „BMZ Group“ кажа дека ова уште во првата година треба да донесе извор од најмалку 35 милиони евра. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ тежи 65 милиони евра, а според претставничката Јелица Ивановска фабриката веќе работи со производни линии во просториите на поранешен „Раде Кончар“.

Погонот кој се очекува да работи со полна сила во мај може да отвори пазари за извор и во други земји освен Германија, со која во моментот најмногу работи „BMZ Group“. Планирани се 40 производни линии во првата фаза и до 1.000 вработени.

„Во тек се преговори за проширување на две постоечки инвестиции од странски инвеститори, но и една нова од моќна членка на ЕУ и таа ќе се заврши до крајот на годината. Мислам дека со тоа ќе биде исцрпен потенцијалот на човечки инвестиции од ваков тип кај нас. Не може човек да не биде радосен кога се отвора инвестиција од 65 милиони евра со минимум 750 вработени, планиран е извоз од 35-40 милиони евра извоз во првите години, максимум 60 милиони во првите три години, а извозот понатаму може да достигне и до 130 милиони евра. Да се множат ваквите инвестиции, рече Мицкоски.

Премиерот очекува БДП-то да расте до крајот на годината, а меѓу причините ја спомна и стабилната бизнис-атмосферата во земјата во која, како што вели, сега нема „фудбалчиња по кабинети и рекетирања“.

Мицкоски исто така му се заблагодари на поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи што ја донел инвестицијата но кажа дека процесот не го завршил до крај.

„Вчера поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека ја донел инвестицијата. Јас од мое име сакам да му се заблагодарам што го водел процесот, но жалам што не успеал да го заврши до крај. Претпоставувам дека не успеал да ги убеди граѓаните на 8-ми мај, како што ги убедувал неговите сопартијци“, рече премиерот Христијан Мицкоски.