Премиерот Христијан Мицкоски во видео објавено на неговиот Фејсубк профил вели дека борбата дома е борба којашто тие ќе ја водат, борба за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија, и тоа го прават откако се избрани како Влада. Мицкоски посочи дека тоа не е доволно и дека треба да се победува и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако се сака македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои.
„Затоа е многу важна врската којашто ја има татковината со Македонците надвор, да продолжи да се засили да биде уште посилна и да биде на повисоко ниво. Затоа сакам да ве убедам и покрај сите предизвици дома и покрај сите предатори коишто не сакаат Македонија да биде успешна и да успее и внатрешни и надворешни, оваа Влада, оваа генерација ќе ги потврди Илинденските идеали и ќе го продолжи делото на Илинденците за суверена, независна и демократска Македонија којашто ќе биде најбогата на Балканот!“, објави Мицкоски.