Мицкоски: Ако не успеам да формирам кредибилна влада, одиме на брзи предвремени избори

идерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека до понеделник ќе чекаат премиерот Зоран Заев да ја достави оставката до Собранието. Ако тоа не се случи, најави дека ќе ја почнат постапката за иницијатива за оставка на Владата. Вели дека мнозинство е обезбедено за да падне оваа Влада, и оти ќе се обиде да формира ефикасна политичка влада способна да се справи со економските, енергетските и здравствените предизвици. Доколку тоа не може да го направам, рече, единствена опција е да се оди на брзи предвремени избори.

– Тоа значи дека во периодот што следи ќе се обидам, повторувам, ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи само доколу бидам сигурен дека тоа ќе биде влада на сериозен кредибилитет, влада со силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и проблемите кои следат. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам потполна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба приотив корупцијата и криминалот, кои се клучниот проблем во нашата држава, тогаш она што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори за народот на Македонија да одлучи за новата иднина, рече на денешната прес-конференција Мицкоски.

Тој додаде дека 61 пратеник се потпишал дека оваа Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев веќе нема кредибилитет и легитимитет. Засега, рече и покрај притисоците кои некои од нив ги имаат со цел да се повлечат, нема информации дека тоа може да се случи.

-Јас би сакал да имаме политичка Влада која ќе има полн капацитет, ќе го истурка мандатот до 2024 година ќе спроведе реформи, ќе спроведе се што е потребно и за се што се заглагаме. Доколку тоа не се случи брзи параламенрани избори се неминовност, бидејќи народот во Македонија сака да гледа решенија, рече Мицкоски.