Метеоролозите предвидуваат - летото ќе биде полно со дождови

Многу позагреана атмосфера но и потопло за разлика од изминатата година како и можност за појава на силни невремиња проследени со интензивни поројни дождови, силни ветришта, локални поројни поплави и град. Таква е сликата за претстојното лето за Европа, регионот но и за Македонија, јавува Славчо Поповски.

Феноменот Ел Нињо како што и претходно најавивме значително ќе ја загрее Европа и Балканот оваа година и ќе услови почести продори на топли бранови од северните предели на Африка кој ќе условат температури кој повремено ќе се искачуваат и над 40 степени. Со ова и тоа поради атмосферата исполнета со многу енергија во фелови од Европа и Балканот има можност за појава дури и на суперќелии како и торнада.

Во Македонија пак ова лето почести ќе бидат дестабилизирањата на атмосферата и појавата на конвективна облачност проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град, но сепак и кај нас летото ќе биде натпросечно топло со почети продори на топли бранови од Африка.